Утре ќе се комплетира првата фаза од Купот на Македонија со трите одложени натпревари.
Беласица утре на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се го пречека тимот на Македонија ЃП, што ќе значи соочување на два второлигаши.
Беласица не тргна споредп посакуваното во Втората лига и по шест одиграни натпревари се’ уште е без триумф. Промоцијата на младите играчи и давајте на можноста тие да бидат носители во играта надополнети со неколку поискусни играчи бара време за да дојдат резултатите. Од друга страна Македонија ЃП тргна одлично во новата сезона во Втората лига и сака да се врати веднаш во Прва лига.
Купот не е опција за Беласица, секое следно коло за нив ќе биде дополнително со цел да се одигра натпревар плус со подобар противник, а тоа би значело плус повеќе за играчите.
„Лавовите“ кои се освојувачи на Купот на Македонија не се во ситуација да конкурираат сериозно за Купот, но ќе сакаат да стигнат што подалеку.
Натпреварот се игра утре, со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити