Ракометарите на Астраион загуби на гостувањето кај Кичево со резултат со 38:32 во рамки на 2. коло од Првата ракометна лига.
Во текот на целиот меч домашниот тим имаше водство, во еден момент струмичани дојдоа од 6:6, но потоа Кичево одлепи и одржуваше дистанца од два до три погодоци за 19:15 на полувреме. Во вториот дел Кичево беше уште подобар за конечни 38:32.
Стефан Стефаноски со 11 погодоци беше најдобар кај Кичево, а девет погодоци имаше Стефан Лозаноски. Кај струмичани најдобар беше Кире Георгиев со девет гола, а шест погодоци имаше Митко Ефтимов.
Александар Ванев, Струмица Сити