Тиверија во Струмица го пречека новиот третолигашот Светлост од Зрновци, каде струмичани со 4:0 го декласираа противникот, а во рамки на третата рунда од Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Васко Трајков во 17. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Шилинов со два погодоци зголеми на 3:0, а пак Никола Трајков во 84. минута ги постави конечните 4:0.
Во следното четврто коло екипата на Тиверија ќе гостува во Пирава каде ќе се соочи со тимот на Ударник.
Александар Ванев, Струмица Сити