Во рамки на шестата рунда од Првата женска фудбалска лига највисока победа однесе Тиверија Брера која со 8:0 славеше над Истатов во меч каде Гоја и Николовска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Копли, Недева, Ѓорѓиева и Јосифова.
Тиверија Струмица има шест од шест и со максимални 18 бодови е на врвот од табелата, во рамки на следното седмо коло ќе биде слободна, а потоа Тиверија на домашен терен ќе игра дерби со шампионот Љуботен.
Александар Ванев, М-Нет