Утре во рамки на 8. коло од Првата македонска фудбалска на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се соочи со екипата на Пелистер.
Двете екипи одат со една цел, освојување на трите бодови за прогрес на прволигашката табела. Пред стартот она овој меч Брера Струмица е осма со осум бодови, а пак Пелистер е седми со девет бодови.
Трите бодови може да им овозможат прогрес на табелата. Пелистер е повратник во елитата и започна да влегува во серија на позитивни резултати, а во иста ситуација е и Брера, која со новиот тренер Горазд Михаилов игра во одличен ритам, но цели кон уште подобри игри и победи.
Натпреварот се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток од 14 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити