Во рамки на 7. коло од Првата македонска фудбалска лига екипите на Брера Струмица и Тиквеш ремизираа без погодоци (0:0).
Со ваквиот резултат мораа да се задоволат и двете екипи и да ги поделат бодовите. Сега Брера Струмица има осум бодови и се наоѓа на осмото место, а во рамки на следното коло на домашен терен ќе игра против повратникот Пелистер од Битола.
Струмичани имат скор од две победи, две ремија и три порази со гол разлика од седум постигнати и 12 примени погодоци.
Александар Ванев, М-Нет