Во рами на 5. коло од Втората македонска фудбалска лига, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица се соочија поранешните прволигаши Беласица против Победа, каде исходот беше поделба на бодовите. Јовов погоди за струмичани, а пак Кукески за прилепчани.
Беласица и понатаму чека на прва победа во новата сезона, откако во првото коло загуби од Арсими, а потоа ремизираше со Вардар Неготино, Охрид и Победа.
Фокусот е веќе на утрешниот меч против Башкими во Куманово, каде Беласица ќе ја бара првата сезонска победа.
Александар Ванев, Струмица Сити