Ракометарите на Астарион утре во салата „Парк“ во Струмица го пречекуваат Металург РА

Денес започнува новата сезона во Првата ракометна лига на Македонија, а утре во рамки на 1. коло екипата на Астраион на домашен терен во салата „Парк“ во Струмица ќе го пречека тимот на Металург РА.

Натпревар во кој Астраион со поддршка од домашната публика ќе атакува на победа и со позитивен резултат да ја започне новата сезона, а од друга страна Металург РА кој во своите редови има млади, но и искусни играчи ќе ја има улогата на фаворит за трите бодови.

Во новата сезона екипата на Астраион се натпреварува во група А на Првата ракометна лига.

Натпреварот ќе започне во 18 часот, а судиска двојка ќе биде Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје, а пак делегат на мечот ќе биде Душко Камишевски од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.