Екипата на Хоризонт Турново по неколку години пауза се враќа во Третата македонска фудбалска лига – Исток, односно ќе настапува во сениорска конкуренција.
Некогашниот вицешампион на Македонија кој имаше успешни настапи во Првата лига имаше настапи во квалификациите за Лига Европа, сега се враќа во Трета лига – Исток, а во иднина се најавува влез во Втора лига.
Во првото коло Хоризонт Турново славеше над Дојранско Езеро во Дојран, а сега во рамки на 2. коло ќе игра на домашен терен односно на стадионот „Кукуш“ против Брегалница од Делчево, екипа која во првото коло ја победи Тиверија во Струмица со 0:1.
Ова е соочување на две екипи кои се повратници во Трета лига – Исток, бидејќи и Брегалница Делчево една сезона паузираше.
Натпреварот се игра утре во 15 часот, а главен судија ќе биде Игор Филипов од Штип.
Александар Ванев, Струмица Сити