Утре на програмата се натпреварите од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Екипата на Скопје на домашен терен ќе се соочи со Тиверија Брера која на стартот од новата сезона е максимална и во Пржино ќе ја бара петтата победа во низа.
Скопје во новата сезона има скор од три победи и еден пораз, наспротив струмичанки кои ќе бидат фаворити на мечот во Пржино. Натпреварот ќе започне во 16 часот, а главен судија на истиот ќе биде Вјолца Изеири.
Александар Ванев, Струмица Сити