По три одиграни кола во Втората лига екипата на Беласица и понатаму нема триумф во новата сезона, а веќе утре во рамки на 5. коло (бидејќи прво ќе се одигра петтото, а во среда четврото коло) ќе го бара првиот сезонски триумф против екипата на прилепска Победа, која доаѓа во Струмица.
Беласица тргна со пораз од Арсими, а потоа ремизираше со Вардар Неготино и Охрид, а сега против Победа ќе се бараат трите бодови.
Прилепчани во Струмица доаѓаат по три бодови, тие имаат скор од два пораз и една убедлива победа од 5:0 над Борец. Императивот за трите бодови е висок и кај двете екипи.
Натпреварот се игра утре на „Благој Истатов“ со почеток од 15 часот, а главен судија ќе биде Дејан Младеновски од Скопје.
Александар Ванев, Струмица Сити