Брера утре гостува кај Работнички

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Утре во рамки на 6. коло од Првата лига екипата на Брера Струмица ќе гостува кај Работнички. Брера Струмица со новиот тренер Горазд Михаилов се врати на победничките патеки, откако во претходното коло дома со 3:2 славеше над Беса.

Од друга страна Работнички е хит во Првата лига и го дели првото место со тетовска Шкендија без пораз во новата сезона, меѓутоа од друга страна Работнички доживеа вистински шок откако во првото коло беше елиминиран од третолигашот Шкендија Арачиново со 2:0.

Пред „романтичарите“ е момент кога треба да се заборави елиминацијата од Купот на Македонија и да се фокусираат на мечот со Брера, бидејќи струмичани доаѓаат во Скопје по три бодови.

Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 15 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.