Беласица ремизираше против Охрид под рефлектори на „Благој Истатов“ во Струмица

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Третото коло од Втората македонска фудбалска лига се комплетираше со натпреварот во Струмица под рефлектори меѓу Беласица и Охрид натпревар кој заврши без победник со по еден гол (1:1).

Двете екипи тргнаа по прва победа во новата сезона, Беласица го играше првиот меч на домашен терен, го прослави својот 102-ри роденден, но не ја израдува публиката со победа.

Охрид прв дојде до водство со голот на Филип Димоски, а потоа од слободен удар со атрактивен гол Љупчо Христовски во 37. минута погоди за 1:1.

Во вториот дел шанси се редеа и пред двата гола, но без завршница, мрежите мируваат и на двете страни, па резултатот од првиот дел стана конечен.

Репрезентативната пауза ќе биде добредојдена за анализа на досега одиграно и за промени кои би требало да се направат кај одредени екипи кои не тргнаа според планот и посакуваното.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.