Брера загуби од Струга и се раздели со тренерот Бојан Круљ

Брера Струмица загуби од шампионот Струга Трим Лум на гостински терен со резултат од 2:0, а по натпреварот струмичкиот прволигаш спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ.

Струмичани тргнаа одлично во новата сезона, откако на стартот од истата со 3:1 го добија Вардар, но потоа загубија убедливо од Силекс во Кратово со 4:0, следуваше нов пораз на Брера од Шкендија дома од 0:2, а потоа пораз на струмичани од шампионот Струга со 2:0.

Ваквите резултати беа повеќе од доволна причина за вклучување на црвениот аларм во Брера и промена на тренерското столче, Круљ е минато, па останува да видиме кој ќе биде нов тренер на Брера.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.