Дождот во Струмица ги одложи натпреварите на турнирот „Благој Истатов“

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Вечерва не се одиграа натпреварите од четвртфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ поради обилните врнежи од дожд.

За утре исто така се најавени врнежи, а во текот на утрешниот ден ќе биде познато дали натпреварите ќе продолжат утре, или пак евентуално во некој од следните денови.

Турнирот доаѓа од својот крај, на програмата ќе бидат натпреварите од четвртфиналето, потоа полуфинале и на крај ќе се финишира со мечот за трето место и големото финале.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.