Синоќа екипата на Цоневи Миа со 4:0 го декласираше Фенербахче на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Исатов“ во Струмица.
Димов постигна хет-трик, а Трајковски постигна еден гол за победничката екипа која доминираше на теренот. Во однос на двата натпревари во јуниорска конкуренција, во генерација 2013/2014 Метал КА со 1:3 славеше над Струмица, а во генерција 2011/2012 Струмица и Ривали одиграа 3:3 во регуларниот дел, а на пенали Ривали беше подобар со 2:3.
Утре на програмата се мета три дерби пресметки. Од 21 часот Фасада Чајник против Руски Комерц, од 22 часот Фреинтх Оне против Агро Смарт, а од 23 часот Еко Инжинеринг против Токи Еднокуќево.
Александар Ванев, Струмица Сити