Еко Инжинеринг убедлив, Фасада Чајник со тесна победа обезбеди следна фаза на турнирот „Благој Истатов“

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Вечерва започнаа осминафиналните натпревари од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2024“ во Струмица.

Во првиот меч Еко Инжинеринг со 10:5 го декласираше тимот на Хотел Истатов за убедлива победа и обезбедена следна фаза. Стефан Богдановски постигна хет-трик, двојни стрелци беа Андреј Јаневски и Наум Блажевски, а еден гол постигна Михајло Митев.

Вториот меч беше далеку понеизвесен за публиката, откако Фасада Чајник од Битола со 3:2 славеше над Еуромонта од Струмица.

Давид Крстевски беше двоен стрелец, а еден гол беше делот на Кристијан Симиќ. За екипата на Еуромонта Кристијан Гавровски и Мите Митров беа стрелци на погодоците.

Утре во 21:30 часот Фенербахче ќе се соочи со екипата на Еклектик, а од 22:30 часот Фреит Оне против Црна Река. Претходно два натпревари ќе се одигра во јуниорска конкуренција, Хотел Горан Пандев против Ривали, а потоа Хотел Горан Пандев против Тигри.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Comments are closed.