Утре бесплатно тестирање за цироза

Утре, среда, мобилната екипа ќе биде лоцирана во Штип и во Струмица. Попладне граѓаните од Струмица ќе имаат можност за превентивен преглед од 17.30 до 19.30 часот. 

Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола“ од вчера почна заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.

Од мобилната медицинска екипа информираат дека во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. Кај десет граѓани биле забележани знаци на цироза и тие веднаш биле упатени да извршат дополнителни прегледи на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Comments are closed.