Европскиот првак Реал Мадрид секоја година организира летни кампови низ целиот Балкан, а ова лето кралскиот клуб се одлучи Струмица и стадионот „Благој Истатов“ да бидат домаќини во Македонија, каде ќе се соберат сите таленти од Македонија на едно место.
Ќе бидат примени сите заинтересирани дечиња кои на дело ќе го покажат својот талент пред шапснките тренери од Академијата на Реал Мадрид.
Како коорганизатор на настанот е и струмичкиот фудбалски бренд Беласица.
Кампот опфаќа млади фудбалери од 6 до 17 години, а бројот на учесници е органичен. Пријавувањето е одтворено до 26. јули, а летниот камп ќе се реализира во период од 26. до 30. авугст. Котизацијата е 250 евра.
Александар Ванев, Струмица Сити