![](https://www.strumicacity.com/wp-content/uploads/april/2024/04/Males-Tiverija-15.-kolo-2023-2024.jpg)
Изминатата сезона во Третата македонска фудбалска лига, екипата на Тиверија од Струмица одигра одлично и заврши на високото трето место со 26 бодови, а беше Тиверија беше конкурентна и против фаворитите.
Спортска Мрежа ја објави листата на најдобри стрелци за изминатата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, за Тиверија најдобар стрелец беше Јани Јанков со седум постигнати погодоци.
Во листата на стрелци за Тиверија се запишаа и Никола Трајков со четири погодоци, Ване Новков и Ване Пандевски со по три погодоци, Миле Ѓеоргиев и Христијан Тимов со по два погодоци, а неколку фудбалери се запишаа со по еден гол за струмичкиот третолигаш.
- НА СЛЕДНОТО ВИДЕО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ ОД СИТЕ ПЕТ РЕГИОНИ ВО ТРЕТА ЛИГА:
Во новата сезона во Трета лига – Исток, покрај Тиверија од струмичкиот регион ќе се натпреварува и екипата на Турново, која во сениорскиот фудбал се враќа по неколкугодишна пауза.
Александар Ванев, Струмица Сити