
Искусниот напаѓач Џибрил Дианеси пред неколку недели беше претставен како ново засилување за Брера Струмица, сепак тој ќе биде нов играч на Вардар и веќе се приклучи на подготовките на Вардар во Словенија.
28-годишниот фудбалер со потекло од Мали игра на крилната позиција, а во Вардар доаѓа од оредовите на Ла Лувие од Белгија.
Во својата кариера има настапувано за Тулуз од Гранција, за холандиските екипи Мастрихт и Фортуна Ситард, како и за екипата на Калју од Естонија.
Како Дианеси наместо за Брера Струмица каде првично беше претставен заврши како нов играч на Вардар останува непознато.
Александар Ванев, Струмица Сити