
Прволигашот Брера Струмица продолжува со одигрување на пријателски натпревари преки кои ја темпира формата за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.
Струмичани главната фаза од летните подготовки ја одработуваат во Банско, Бугарија, каде вчера одиграа нов пријателски меч а истиот го загубија со 3:4 од екипата на Беитар Ерусалим.
Претходно, Брера ремизираше против Металул играјќи 2:2, триумфираше над Хапоел Ерусалим со 2:1, загуби од Раднички Ниш со 3:0, а на првиот тест во Струмица екипата на Брера Струмица загуби од новиот прволигаш Беса од Добри Дол со минимални 0:1.
Александар Ванев, Струмица Сити