Во тек е пријавувањето на екипите за Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2024“, награден фонд еден милион денари!

Во тек е пријавувањето на екипи за второто издание од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов 2024“ во чест на нашата голманска легенда Благој Истатов, а барање на спортистите и публиката, годинава и во иднина ќе се реализира како летен турнир во мал фудбал.

Натпреварите ќе се одиграат на одличниот терен во струмичката населба „Чифлик“ каде се очекува голем број на публика од југоисточниот дел на Македонија, а се очекува учество да земат екипи од цела Македонија, но и од соседството.

Целокупниот награден фонд изнесува од фантастични еден милион денари, од кој победничката екипа ќе освои парична награда од 500.000 денари, највисока парична награда што може да се освои на турнир во Македонија. За второпласираната екипа е предвидена парична награда од 300.000 денари, третопласираниот тим ќе освои парична награда од 100.000 денари, а пак за четвртопласираната екипа ќе следува награда од 50.000 денари. Покрај паричните награди ќе следуваат пехари и медали.

Предвидени се награди за најдобар фудбалер и голман, како и за најдобар млад играч на турнирот.

Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2024“ се реализира под покровителство на општина Струмица и градоначалникот Костадин Костадинов.

Освен сениорите, на Меморијалниот турнир „Благој Истатов 2024“ учество ќе земат и јуниорски екипи во три генерации односно 2021/12, 2013/14 и помали.

Со цел да се задржи квалитетот на турнирот, организаторот одлучи да го ограничи бројот на екипи кои ќе може да земат учество на најмногу 24 екипи, па токму поради тоа, сите заинтересирани треба навреме да го пријават своето учество, а крајниот рок за пријавување на екипи е до 1. август. Новото издание од Меморијалниот турнир стартува на 5. август.

Сите информации можат да се добијат преку Фејсбук страната „Меморијален турнир во мал фудбал Благој Истатов 2024“ или на мобилниот телефон 070 996 978, кај Пепи Черкезов.

Струмица во текот на месец август ќе биде домаќин на најголемиот турнир во мал фудбал со најголемиот паричен награден фонд во Македонија.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.