Беласица со реми против Кожуф ги започна пријателските натпревари

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Беласица со реми ги започна пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига, откако одигра 1:1 против Кожуф на првиот тест меч.

За Беласица стрелец на погодокот на првиот контролен меч против Кожуф беше Секирски.

Во следниот период односно до почеток на новата сезона од Втората лига екипата на Беласица ќе одигра уште седум натпревари. Веќе во среда против Трајал од Крушевац, на 20. јули против Вардарски, четири дена подоцна против Вардар од Неготино, на 28. јули против Брера Струмица.

На 3. август ќе следува тест со Победа од Прилеп, за 7. август е закажан контролен меч со третолигашот Слога од Виница, додека пак на 10. август е „генералката“ против Детонит Плачковица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.