
Струмичкиот второлигаш Беласица за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига се засили со Талха Идризи, фудбалер кој е роден 2004 година, а потекнува од школата на Шкупи.
Идризи е играч од нападот кој ќе ги покрива крилните позиции, а последно беше дел од шампионот на Косово, Балкани, но како отстапен играше во екипата на Велазними 1927 Ѓаково, која е дел од втората по ранг лига на Косово.
Беласица претходно се засили со голманот Иван Николоски и Кире Стојанов, како и со Марио Дебрешлиоски.
На првиот пријателски меч Беласица ремизираше со Кожуф играјќи 1:1, а вториот контролен меч го игра против Трајал од Крушевац во Пехчево веќе во среда.
Александар Ванев, Струмица Сити