Јован Симиќ не е повеќе генерален директор на Брера Струмица, тој заминува од Струмица

Србинот Јован Симиќ изминатата сезона ја извршуваше функцијата генерален директор на Брера Струмица, во следната сезона нема да биде дел од Брера Струмица.

Симиќ на почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона во Првата лига ја презеде функцијата спортски директор, но поради неговите приватни и семејни обврски, соработката помеѓу Брера Струмица и Симиќ ќе биде прекината.

„Секогаш е тешко кога доаѓа до разделба, особено оние разделби кои не се во прилог ни на двете страни. Поставивме добри темели за новата сезона што е пред нас и клубот ја дочекува сезоната подготвен во играчки и организациски смисол. Голема благодарност до Горан и семејството Пандев, сопствениците на Брера Холдинг и сите луѓе со кои соработував во Брера. Македонија и Струмица имаат посебно место во моето срце, бидејќи сите ме прифатија со отворено срце. Во Струмица е напишана најубавата страница од мојата кариера и искрено жалам што нашите патишта се разделуваат, но Струмица останува мој град и со нетрпение очекувам да дојдам да гледам натпревари и да се сретнам со драги луѓе“, рече Симиќ.

Претседателот на клубот, Горан Пандев, му се заблагодари на Симиќ за неговата посветена работа и му посака се најдобро во понатамошната кариера.

„Му благодарам на Јован за соработката, беше задоволство да се работи со таков професионалец, му посакуваме се најубаво во понатамошната кариера и се радуваме на идните средби како спортски пријатели“, рече претседателот Пандев.

Брера Струмица во моментот ја одбработува главната фаза од подготовките во Банско, Бугарија, каде ќе одигра и пријателски натпревари.

Александар Ванев, Струмица Сити

One comment on “Јован Симиќ не е повеќе генерален директор на Брера Струмица, тој заминува од Струмица

  1. Custom Song says:

    So talented! Custom Song That Tells Your Story