
Прволигашот Брера Струмица загуби на првиот пријателски натпревар во Банско, Бугарија од српски Раднички Ниш со резултат од високи 3:0.
Првиот гол во дресот на новиот клуб го постигна Триванте Стјуарт во 10. минута. Вториот гол беше постигнат во 25. минута, а истиот го постигна Вања Илиќ.
Конечниот резултат беше поставен во 65. минута кога Андреја Стојановиќ постигна гол за 3:0.
Главната фаза од летните подготовки Брера Струмица ќе ја одработи на бугарско тло односно во Банско, каде ќе бидат одиграни неколку пријателски меча, по што екипата ќе продолжи со подготовки до почетокот на сезоната во Струмица, каде ќе одигра нови пријателски натпревари.
Александар Ванев, Струмица Сити