Во тек е пријавувањето за меморијалтниот турнир „Благој Истатов“ – награден фонд од 1 милион денари!

Во тек е пријавувањето за меморијалниот турнир „Благој Истатов“ во Струмица, наградниот фонд за новото издание од овој ќе изнесува еден милион денари.

Крајниот рок за пријавување на екипа е до 31. јули, а тоа може да го сторите на телефонскиот број 070 996 978 кај Ице Пепи и на 077 611 195 кај Митко.

Котизацијата по екипа изнесува 9.000 денари, а се игра во формат 5 + 1. За 1. август е закажана ждрепката и утврдувањето на екипи.

Второто издание од меморијалниот турнир во мал фудбал во чест на фудбалската легенда „Благој Истатов“ ќе започне на 5. август.

На турнирот право на пријавување и на настап ќе имаат и детски категории, каде котизацијата за нив е 3.000 денари, а исто така се предвидува и во овој дел парични награди за најдобрите екипи.

Турнирот е под покровителство на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица.

Интересот за овој турнир е голем со оглед на тоа што е предвиден паричен награден фонд од 1 милион денари, а дополнително ќе бидат соопштение паричните награди по пласман и наградите за најдобар голман, најдобар играч и најдобар млад играч.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.