Академија Нови Таленти од Струмица со прво и четврто место на голем фудбалски турнир во Прилеп

Фудбалската школа Академија Нови Таленти од Струмица забележа голем успех откако на силниот турнир „Евро Гол Македонија Куп“ во Прилеп го освои првото место со генерација 2013 и четврто место со генерација 2014.

На овој турнир од струмичката фудбалска школа најдобар голман беше Тиме Стојановски во генерација 2014.

Во следниот период Академија Нови Таленти како што дознава Струмица Сити ќе настапи на „Илинден Куп“ во месец септември, што ќе биде шести по ред турнир за оваа година.

Претходно, Академија Нови Таленти учествуваа на „Вихрен Куп“ во Сандански, Бугарија, „Чин Чин Куп“ во Златибор, Србија, „Драган Манце“ во Белград, Србија, „Велигденски турнир“ во Радовиш и последно „Евро Гол Македонија Куп“ во Прилеп, а до крајот на оваа година ќе следува „Илинден Куп“ во Скопје, по што ќе следува потоа Детската лига на ФФМ.

Како што дознава Струмица Сити, Академија Нови Таленти од Струмица за следната година има закажано учество на силен турнир во Франкфурт, Германија за 5. јуни 2025 година.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.