Брера Струмица мисли на иднината и им дава простор на младите играчи да се докажуваат на фудбалските терени и во сениорскиот тим. Младиот дефанзивец Филип Митев доби професионален договор.
18-годишниот десен бек веќе е приклучен на трензинзите со сениорскиот тим, и со право на настап на уште една година за младинската екипа.
Струмичанецот своите првите фудбалски чекори ги има направено во Брера, потпиша тригодишен договор со што ќе добива третман како професионален фудбалер.
Александар Ванев, Струмица Сити