Мартин Давков од Брегалница на голот на Брера

Екипата на Брера Струмица го промовираше голманот Мартин Давков, кој доаѓа од редовите на штипска Брегалница.

25-годишниот штипјанецот доаѓа од Брегалница која испадна во Втората македонска фудбалска лига, лани беше чувар на мрежата на Брегалница каде за штипскиот состав во последната сезона бранеше на 21 натпревар.

Во својата кариера Давков освен за штипска Брегалница, беше дел и од Тиквеш од Кавадарци и Кит Го од Пехчево.

Како што претходно информираше Струмица Сити, во новата сезона Брера Струмица влегува со повисоки цели, односно атак на местата за излез во Европа.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.