Голманот на прволигашот Брера Струмица, Марко Алчевски направи трансфер и се сели во Израелската Премиер лига каде од следната сезона ќе го носи дресот на Хапоел Ерусалим. 22-годишниот Алчевски кој е чувар на мрежата и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија, лани беше капитен на Брера и ја имаше најдобрата сезона во својата кариера.
Алчевски во дресот на Брера во последната натпреварувачка сезона имаше 29 настапи односно беше голман на толку натпревари. Имаше многу одлични одбрани и се покажа како енигма за противничките играчи.
Алчевски во Струмица пристигна во август 2017 година и контуинирано напредуваше со поддршка на стручен штаб на Брера и неговата желба.
Во 2022 година пролетната полусезона ја помина во Борец од Велес. Паралелно тој е и репрезентативен голман кој сериозно чука на вратите и фудбалската селекција на Македонија
Хапоел Ерусалим последната натпреварувачка сезона во Израел ја заврши на 7 позиција.
Александар Ванев, Струмица Сити