Беласица ги договори пријателски натпревари за летните подготовки

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Беласица за новата сезона од Втората македонска фудбалска лига ги договори пријателските натпревари преку кои ќе ја темпира формата за новата сезона.

Првиот меч се игра на 13. јули против Кожуф, на 17. јули против Трајал од Србија, на 20. јули против Вардарски, четири дена подоцна против Вардар Неготино.

На 28. јули е закажан тест со Брера, за на 3. август со Победа, на 7. август тест со Слога од Виница, а на 10. август „генералка“ со Детонит Плачковица од Радовиш.

Во новата сезона Беласица влегува со млад тим надополнет со искусни фудбалери.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.