Беласица се засили со Дебрешлиоски, Муканов во стручниот штаб

Второлигашот Беласица за новата сезона го претстави новото засилување, станува збор за Марио Дебрешлиоски кој е роден 2002 година. Новото засилување доаѓа од битолски Пелистер, а ќе биде вистинско освежување во средниот ред.

Филип Муканов е нов член на стручниот штаб на Беласица, кој ќе биде задолжен за целосна припрема на голманите на сениорскит тим.

Муканов до пред изввесен период беше и активен голман, ги бранеше боите на Брера Струмица, но повредата на коленото го одалечи од терени, и со тоа се посветува на тренерската кариера.

Во следниот период ќе бидат промовирани нови засилувања во Беласица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.