Струмичка Брера во новата сезона влегува со високи цело за Првата македонска фудбалска лига, атак на првите места кои водат кон Европа, а клубот веќе е во тренажен процес, а главната фаза ќе се одработува во Банско, Бугарија.
Клубот работи на ростерот како во сениорскиот тим, така и со младите кои ќе иднина на сениорскито тим, со тоа што ги „врзува“ на нови договори. 21-годишниот голман Филип Купанов и во следната сезона ќе го чува голот на Брера. Тој го продолжи договорот со струмичкиот прволигаш и веќе се наметнува на голманската позиција со одличните голмански вештини.
Купанов во Брера пристигна во 2017 година, а од 2021 година е дел од првиот тим. Истата година една полусезона беше на позајмица во радовишки Детонит, следната година една полусеозна беше во Беласица на позајмица, а во 2023 година е стандарден првотимец во Брера.
Во последната натпреварувачка сезона Купанов четири пати беше чувар на мрежата на Брера и тоа двапати во дуелот со Шкендија, Гостивар и Македонија ЃП.
Живко Крстев и Марио Костов кои се членови на младинскиот тим на Брера, потпишаа договори за настап и во иднина во дресот на Брера. Двајцата фудбалери имаат 19 години, кои настапуваа во младинската Суперлига, а со своите перформански, талентот им се отвара вратата за првиот тим, а Брера која им дава можност на младите ги договори и за во иднина. Крстев во младинскиот шампионот изминатат сезоза постигна 30 гола, а одлична сезона имаше и Костов.
Клубот се раздели со 25-годишниот струмичанец Горан Тимовски, кој остави голем белег во струмичкиот прволигаш. Томовски сега е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.
Томовски во седумгодишниот престој во Струмица за првиот тим на Брера реализра 113 настапи, при што постигна три погодоци. Во последната сезона имаше 13 настапи.
Александар Ванев, Струмица Сити