Младиот Лука Георгиев не е повеќе играч на Брера Струмица

Брера Струмица и младиот Лука Георгиев се разделија, со што фудбалерот е слободен и кариерата ќе ја продолжи во нова средина.

Георгиев кој пролетва беше дел од првиот тим на Брера пристигна од второлигашот Осогово од Кочани, а во пролетниот дел имаше можност да заигра на четири натпревари.

Во дресот на Брера настапи на натпреварите против Гостивар, Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП.

Од Брера му посакаа успех во неговата кариера.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.