Најмладите фудбалерки на ЖФК Тиверија добија награди за трудот кој го вложија во месец мај

Најмладите фудбалерки на женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица, добија награди за трудот кој го вложија во месец мај, а тоа е потврда за нивната посветеност, а клубот тоа го наградува.

НАГРАДЕНИ ФУДБАЛЕРКИ:

Андреа Костадинова – најдобар гол
Ивана Димитриеска – најдобар напаѓач
Изабела Ташкова – најдобра фудбалерка
Марија Аливкинова – фудбалерка со најмногу асистенции
Тина Митева – најдобра фудбалерка во одбараната
Вероника Туфекчиева – најдобар голман
Цеце Колева – најдобра фудбалерка во одбраната
Марија Тодорова – најдисциплинирана фудбалерка
Ангела Чобанова – фудбалерка со најдобра прегледност на играта
Тамара Стојанова – најборбена фудбалерка
Михаела Секулова – најдобар стрелец
Анастасија Башеска – најмлад најдобар техничар
Снежана Милушева – за успешна сезона (дисциплина, редовност, напредок)
Викторија Димкина – за успешна сезона (дисциплина, редовност, напредок)
Марија Габерова – за успешна сезона (дисциплина, редовност, напредок)

„Браво за сите фудбалерки кои иако се нашата најмлада генерација, важат за најупорни и најуспешни и со сигирност пред нив претстои светла иднина со што ЖФК Тиверија е особено горда“, велат од ЖФК Тиверија.

Струмичкиот прволигаш е посветен на младинските категории од каде „црпи“ фудбалерки за првиот тим, а со самото тоа ЖФК Тиверија вложува во младинските погони и вложува во својата иднина, што ја прави ЖФК Тиверија еден од најорганизираните клубови во Македонија со најдобри младински школи.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.