Десет млади фудбалери од Брера Струмица добија покана и ќе бидат дел од фудбалски репрезентации на Македонија

Успесите кои ги прават младите фудбалери на Брера Струмица се забележани и од страна на репрезентациите на Македонија, па така десет фудбалери од младинските погони добија покана да бидел дел од репрезентациите на Македонија за фудбалери до 16, 17 и 19 години.

Дефинитивно, струмичкиот прволигаш е посветен на младинските погони и тоа дава добар резултат, а повикот за овие млади фудбалери е повеќе од заслужен.

Брера Струмица има огромен потенција во своите редови, па тоа ќе биде одлично и за нашите репрезентации.

Матео Ќесич и Ристе Стоилов ќе бидат дел од репрезентативниот камп за фудбалери до 16 години откако добија покана од селекторот Раде Каранфиловски. Под негова палка ќе бидат во Дојран во период од 10. до 16. јуни каде ќе се работи на воигрување на селекцијата.

Пет фудбалери повика селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17 години Еркан Селини. Тие од 10. до 15. јуни ќе бидат дел од репрезентативниот камп во Кичево со што стручиот штаб ќе направи подобра скрининг на подготвеноста на фудбалерите да ги бранат боите на Македонија

Боите на Македонија ги бранат голманот Славе Вргов заедно со Андреј Велков и Давид Ристовски кои беа повикани од селекторот Вујадин Станојковиќ за дво мечот со селекцијата на Грција. Тие денеска и на 10. јуни ќе ги одмерат силите со ова селекција.

Брера Струмица поставува здрави темели за иднината, па овие млади фудбалери во иднина ќе имаат можност и за нивно деби во првиот тим, а некои од нив веќе тренираат и со првиот тим, а тоа е потврда дека Брера Струмица мисли на младите фудбалери и им дава можност за развој, а со тоа да направат и меѓународна кариера.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.