Поранешниот тренер на Беласица, Васе Беќаров – нов тренер на Вардарски!

Поранешниот тренер на струмичка Беласица ќе биде нов тренер на новиот второлигаш Вардарски од Богданци.

45-годишниот стратег откако заврши со Беласица седнува на тренерското столче на второлигаш од Богданци кој по 27 години се враќа во Втората македонска фудбалска лига.

Враќањето на Богданци во Втората лига после речиси три децении ќе значи дека се враќаат и локалните дерби натпревари меѓу Беласица и Вардарски, па тоа ќе значи многу повеќе за фудбалот во овој југоисточен регион односно во Струмица и Богданци.

Беќаров последно ја водеше Беласица во период од јули 2023 до март 2024 година, а претходно беше тренер на Кожуф од Гевгелија.

Беќаров поседува највисока лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца, кој одлично го познава домашниот фудбал, а тој беше селектор и на У-17 репрезентацијата на Македонија, како и селектор на аматерската репрезентација на Македонија.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.