Младите на Брера поразени од Будуќност на „Куп на Пријателство“

Млад тим на Брера Струмица не успеа да се пласира во полуфиналето на Меѓународниот турнирот ,,Куп на Пријателство” во Златибор, Србија откако струмичани претрпеа пораз од екипата на Будуќност од Подгорица, Црна Гора со резултат од минимални 1:0.

Сепак и покрај поразот во четвртфиналето од овој силен турнир, момците на Ѓорѓе Стојчев, Мартин Алаѓозовски и Борче Постолов не разочараа на овој турнир.

Брера Струмица славеше победи против ланскиот шампион Партизан и босанскиот Железничар, а со прикажаната игра уште еднаш се потврди дека Брера Струмица поседува со доста квалитетен млад тим и дека клуб има добра иднина и сериозно инвестира во младинските погони.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.