Кире Стојанов и во иднина ќе го носи дресот на Брера, ставен потпис на договор од четири години!

Прволигаш Брера Струмица го продолжи договорот со 18-годишниот Кире Стојанов кој игра на позиција крило.

Станува збор за млад фудбалер кој потекнува од погоните на Брера Струмица, а на свои 16 години го потпиша првиот професионален договор со тогашна Академија Пандев а сега АП Брера Струмица.

Стојанов важи за одличен талент иако пазуираше од терените поради повреда. Тој постојано е стандарден член на младинските репрезентации на Македонија односно за селекциите У-16, 17, 18, и У-19 има повеќе од десетина настапи, а има постигнувано и погодоци.

„Навистина ни преставува задоволство што Кире Стојанов потпиша продолжеток на соработката со нашиот клуб и во наредните четири години бидејќи имаме многу верба во него и неговиот потенцијал. После повредата на коленото речиси година дена беше надвор од натпреварувачкиот фудбал но работеше да се врати подготвен за терените, процес во кој го следевме контуинирано како клуб. Во прашање е еден од најтелентираните играчи во историјата на Академијата и очекуваме од него многу во иднина. Наскоро очекуваме потписи да стават и играчи од талентираните генерации 2005, 2006 и 2007 година. На подготовките со првиот тим ќе се приклучат и млади фудбалери кои ќе добијат шанса да се наметнат кај стручниот штаб. Младите фудбалери се нашето најголемо богатство на клубот и на нивниот развој и приклучување во првиот тим ќе ни биде најголемиот фокус“, кажа спортскиот директор Јован Симиќ.

Брера Струмица на 26. јуни ќе ги започне подготовките за новата сезона, а главната фаза од подготовките ќе биде одработена во Банско, Бугарија.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.