
Во следната сезона дресот на Брера Струмица нема да го носи и Агрон Руфати, кој заминува од целено-црниот дрес.
Руфати година и пол помина во дресот на струмичкиот прволигаш, неговиот договор истече со што клуб изрази голема благодарност за целиот негов придонес и ангажман во првиот тим.
Руфати во Струмица дојде во јануари 2023 година како слободен играч и набрзина со својот темперамент стана миленик на публиката. Во дресот на Брера ова сезона одигра вкупно 30 натпревари, при што постигна еден гол а имаше и една асистенција, додека во натпреварувачката 2022/2023 во пролетниот дел одигра 10 натпревари со еден погодок.
Дресот на Брера Струмица во иднина нема да го носат и Матеј Цветаноски и Александар Ристевски.
Александар Ванев, Струмица Сити