Матеј Цветаноски не е повеќе играч на Брера Струмица, неговиот договор истече и не е продолжен

Матеј Цветаноски во иднина нема да го носи дресот на струмичка Брера, откако неговиот договор истече и истиот не е продолжен со струмичкиот прволигаш.

26-годишниот крилен играч оваа сезона за Брера Струмица постигна четири погодоци, а уште толку беше асистент во вкушно 25 првенствени натпревари во Првата македонска фудбалска лига.

Цветаноски во Брера Струмица дојде од Партизани од Албанија, а претходно настапуваше за Ѓирмот од Унгарија, Шкупи, Вардар, Пелистер од Битола и Македонија ЃП.

Александар Ванев, М-Нет

Comments are closed.