У-19 тимот на Брера Струмица, слободниот ден во Златибор го искористи за „team building“

У-19 тимот на Брера Струмица учествува на турнирот „Куп на Пријателство“, во Златибор, Србија, а денешниот слободен ден го искористи за „team building“.

После лесниот утрински тренинг, стручниот штаб ги однесе играчите на мини патување, при што ја посетија пештерата Сопича Печина која се наоѓа во Златиборската област стара 4 милиони години, која годишно ја посетуваат 150.000 туристи од целиот свет.

Фудбалерите на Брера Струмица утре ги очекува четвртфиналниот натпревар.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.