Струмица домаќин на баражот за Прва лига

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Струмица ќе биде домаќи на баражот за Првата македонска фудбалска лига, кој ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а кој ќе го одиграат прволигаш Вардар кој се бори да остане во елитата, како и Детонит Плачковица кој е второлигаш и кој има историска шанса да обезбеди учество во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во недела од 17 часот, а со тоа струмичани ќе имаат можност да проследат квалитетен меч кој ќе биде во фокусот на македонската спортска јавност.

Дополнително, се очекува инвазија на Струмица и стадионот „Благој Истатов“ од верните „Комити“, но и пристигање на радовишани.

Струмица со одличната спортска инфраструктура одново се покажува како одличен избор за вакви спортски настани од големо значење.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.