ПРЕТРЕС ВО СТРУМИЧКО, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА

Струмичката полиција завчера попладнето во село Добрејци, струмичко, го лишила од слобода Д.К. (45) од село Добрејци.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Comments are closed.