Градоначалникот Костадинов помеѓу куклишани на празникот на Куклиш

Вчера, на празнувањето на 15 мај – денот на заштитникот на Куклиш Св. Атанасиј. градоначалникот Костадинов присуствуваше на традиционалното борење.

Традицијата си е традиција и таа треба да се негува оти е наследена од предците. Така куклишани остануваат верни на аманетот и го празнуваат 15 мај – денот на заштитникот на Куклиш Св. Атанасиј.

Сето тоа ме исполни со силни емоции, а задоволството беше уште поголемо од укажаната чест да го поздравам турнирот во пеливанско борење. како и сите негови учесници и организатори.

Јубилејот – 100 години традиција во певанско борење не е мала работа. Нека се множат јубилеите, нека се празнуваат празниците, оти тоа е дел нашето вековно постоење.

Честит и вековит нека е Св. Атанасиј драги мои куклишани. Нека ве штити од сите зла на овој свет.

изјави Костадинов.

Comments are closed.