
Фудбалерките на Тиверија во рамки на 24. коло од Првата женска фудбалска лига забележаа пораз на домашен терен од Скопје со резултат од 1:2.
Гостинската екипа брзо дојде до водство од два гола откако Елма Шемсовиќ постигна гол во 2. минута за 0:1, а две минути подоцна Сара Евтимџиоска постигна гол за 0:2.
Во 15. минута од мечот Теодора Шопов постигна гол и ги постави конечните 1:2.
Во однос на табелата Љуботен е прв со 63 бодови, Каменица Саса е втора со 62 бодови, Ас Јунајтед е трет со 48 бодови, а пак Тиверија е на 4. место со 42 бодови.
Во следното коло Тиверија ќе игра против Истатов.