Историскиот трансфер за Брера: Димитар Трајков оди во Полисја

Фудбалскиот клуб АП Брера Струмица го остварува најголемиот трансфер во клупската историја, откако Димитар Трајков ќе биде промовиран како нов играч на Полисја од Житомир, Украина. Младиот фудбалер успешно ги заврши медицинските прегледи во ово јград и потпша преддоговор со новиот клуб.

Трајков во редовите на Полисј ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица. Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1 јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона.

„Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“, вели Димитар Трајков

Брера Струмица минатиот викенд го завери опстанокот во Првата лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.