Тиверија со реми против Ударник од Пирава ја заврши сезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток.
Тиверија и Ударник во последното 18. коло ги поделија бодовите играјќи 2:2 во Струмица. Златко Минев во 12. минута погоди за 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Тиверија направи комплетен пресврт откако Александар Коцевски во 59. минута погоди за 1:1, а Трајче Димитриев во 62. минута веќе направи комплетен пресврт на 2:1. Во финишот на мечот Љупчо Гошев ги постави конечните 2:2.
Тиверија со 26 бодови ја заврши сезоната на третото место, шампион е Вардарски од Богданци со 37 бодови, а на второто место со 35 бодови заврши Слога од Виница.
Александар Ванев, Струмица Сити